Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

t

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско.

Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби. Вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на “чистач” односно претходница со друго возило имал задача да предупреди за евентуални контроли.

На наплатната рампа полициски службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата, а возачот на даден знак да застане за легитимирање, со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…

На границата меѓу американската држава Калифорнија и…

Тројца мртви во американски напад врз брод…

Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…

Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…