Омбудсманот со црна прогноза: Следува нарушена работа на судството

t

Во текот на 2022 година сериозно ќе биде нарушена работата на правосудниот систем, бидејќи на голем број судии и јавни обвинители им завршуваат функциите, а Академијата за судии и јавни обвинители нема доволно капацитет да го надомести тој број, изјави народниот правобранител Насер Зибери во интервју за Топ Тема на телевизија Телма.

Тука сигурно една од првите жртви ќе бидат токму постапките кои се итни и за кои треба брзо да се реагира. Но, за жал ситуацијата е таква и мислам дека многу брзо треба да се реагира, изјави Зибери.

Тој нагласи дека Академијата за судии и јавни обвинители мора да има поголем капацитет за создавање на кадар, додавајќи дека според информациите и разговорите кои ги имал, постојат сериозни проблеми и во однос на спроведување на конкурсите и програмата за обука.

Државата мора побрзо да реагира, судството да се консолидира, за да не дојде до наталожување на предмети, да не дојде до судење надвор од законски предвидениот рок и полека да се врати довербата на граѓаните (во судството), затоа што таа навистина е алармантна, смета Зибери.

Во интервјуто тој се осврна и воведувањето на дигиталните учебници, посочувајќи дека пред да се донесе одлука за тоа требало да се испита каква е подготвеноста на училиштата за спроведување на таков тип на настава.

Ние се уште имаме проблем. Одредени училишта немаат пристап до интернет, ниту стабилно електрично напојување за да имаат во функција уред. Нема ни поеднаква подготвеност на наставниот кадар за примена на новите технологии, вели Зибери.

Според него, поради ова некои деца биле оневозможени да ја следат наставата.

Да се надеваме дека полека проблемите ќе се надминат и државата ќе води соодветна сметка за сите параметри за вклучување на учениците во процесот преку новата концепција на учење, додаде Зибери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет ќе превенира и открива корупција…

Судскиот совет на денешната седница ја усвои…

Брнз: Судството мора да биде целосно независно…

Мислам кога станува збор за борбата против…

Ветингот не се покажа како најдобра алатка…

Компаративните искуства покажаа дека ветингот не се…

Судовите не смеат да ја кријат својата…

Судовите не смеат да ја кријат својата…

Правосудство и обвинителство ќе земаат повисоки плати:…

Владата денеска ги прифати и измените и…