ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

t

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечката организација на Македонците надвор од Македонија, испрати писмо до Американскиот заменик-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар и побара тој да се залага за правата на Македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје. Повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот.

За потсетување, Бугарија има 14 пресуди од Европскиот Суд за Човекови Права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство. Хипокритично е да се бара заштита на правата на малцинствата кај членка кандидат а да се занемаруваат правата на малцинствата во полноправна членка како што е Бугарија.

Бугарија треба Македонците да ги стави во својот Устав.

Исто така, по контроверзната посетата на Косовскиот премиер Курти во Македонија, ОМД испрати уште една комуникација до господинот Ескобар и побара да даде изјава дека САД не поддржува иридентистички идеи и промена на границите во Балканот.

Во тој допис ОМД ја искористи можноста да го потсети Ескобар дека Македонците не се „северномакедонци” и дека Македонците не се само „православен народ” како што Ескобар не има наречено во интервјуа во минатото. Македонскиот народ е разнолик, со луѓе од различни вероисповеди, иако мнозинството се православни.

САД е иницијатор и потписник на декларацијата на човекови права на Обединетите Нации која полни 75 години во декември. САД има должност да го брани и правото на самоопределување и човековите права на македонскиот народ, како што тоа веќе го прави многу погласно за некој од другите народи во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…

Траги-комедија: Се степале две 80-годишни баби во…

Две постари жени во саботата попладне се…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…