Онлајн судењата стануваат реалност во Македонија: Неколку основни судови добија ИКТ опрема како дел од планот за дигитализација

t

Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од денешниот промотивен настан „Отпочнување на процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството“, на кој заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, дале свои видувања за овој чекор што го прави македонското судство.

Онлајн судењата се нова реалност во најразвиените судски системи, каде во постапките во кои странката, без разлика дали е сведок, вештак или обвинет, не може физички да биде присутна во судницата, сепак може да се одржи судење. Ова е многу поволно во однос на навременоста и ефикасноста на судовите. Од денес онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем, нагласил министерот Тупанчески.

Тупанчески, се наведува во соопштението од Министерството за правда, истакнал дека покрај судниците во Основниот суд Кавадарци, опремени се и останатите пилот основни судови, во Струмица, Штип и скопскиот Кривичен и Граѓански суд, и тоа постепено согласно динамиката на судовите, на начин да не се попречи нивната работа.

Тој ја нагласил дигитализацијата на судството како еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста.

– Во вистинско време покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите, отпочнувајќи со еден комплексен и долгорочен процес кој има огромен потенцијал за понатамошно олеснување и подобрување на пристапот до правдата за граѓаните низ цел регион, што од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите, рекол министерот Тупанчески.

Ја потенцирал и успешноста во реализирањето на активностите на ИКТ Советот, предвидени во оперативниот план, велејќи дека беспрекорно веќе функционираат дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната евиденција.

Најавил дека следната недела ќе се потпишат, меѓуинституционално, договори за овозможување електронска размена на податоци и документи и тоа помеѓу клучните државни институции меѓу кои: Министерство за внатрешни работи, Државната комисија за спречување корупција, Државната изборна комисија, Централен регистар и Управата за финансиска полиција.

Извор:Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова современа опрема во Градската општа болница…

Во Градската општа болница „8 Септември“ во…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…