Објавено на:

ОН: Над еден милион луѓе ги загубиле домовите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија

t

Повеќе од 1 милион луѓе ги загубија своите домови по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, според податоците на ОН.

Турските медиуми пренесуваат сведоштва на преживеаните:

„Се чувствуваше како џин да ја зграпчил зградата и да ја тресе“, рекла една жена.

„Не знаевме што правиме. Децата беа исплашени. Сите врескавме“, додала жената.

„Во секој момент очекувам земјата повторно да се затресе“, додава таа.

Бројот на загинати надмина 28.000 лица во двете погодени земји, Турција и Сирија добиваат помош од цел свет. Македонија исто така испрати материјална, парична помош и спасувачи.

„Блоковите беа близнаци. Едниот стои, а другиот пропаднал“, коментирала жената.
Сега семејството се обидува да се навикне на новата реалност и променетиот свет во кој ќе живеат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…