Опозицијата уште еднаш ќе побата минимална плата од 600 евра
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска најави дека во текот на следната недела пратеничмата група на социјалдемократите има намера да поднесе уште еднаш законски предлог со кој минималната плата во Македонија да се покачи од сегашните 26 на 36 илјади денари или 600 евра. Пред медиумите во законодавниот дом тој денеска порача дека во Буџетот има средства ова да се реализира. Истовремено со субвенционирање на приватните субјекти за здравствено и пензиско осигурување над актуелната граница на минималната плата.
Филипче беше дециден – пари има, доволно е властга да се откаже од, како што кажа, ставката луксуз меѓу кои и купувањето на нов владин авион и средствата без проблем може да бидат обезбедени. На тој начин, вели тој, барем некако ќе се закрепне стандардот на граѓаните особено во пресрет на есента и зимата кога месечните трошоци се видливо поголеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…
Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…
СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…
СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…
„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…