Општина Центар: На наставното ливче се прикажани татко со синови и мајка со ќерка, не хомосексуални двојки
На фотографијата, која деновиве се споделува по социјалните мрежи, од наставно ливче кое им е дадено за работа на првооделенци од основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ и кое предизвика лавина реакции од граѓаните, се прикажани татко со синовите и мајка со ќерка, а не семејства на хомосексуални двојки.
Ова го тврдат од Општина Центар, на чија територија се наоѓа ова училиште и објаснуваат дека станува збор за наставен лист, кој учениците го работат за време на часот и е завршна активност на часот, односно извлекување заклучок. Според официјалната наставна програма од МОН и БРО, како што велат, предметот Општество за прво одделение ја содржи методската единица „Семејство”, која е во корелација со содржините по предметите: македонски јазик, ликовно и музичко образование со точна дефиниција на целите на часот.
Тврдиме дека е пренесена погрешна информација во јавноста бидејќи според сценариото за час, учениците во воведна активност и активирање на предзнаења работат на дискусија на прашања на тема: Мојот дом и моето семејство, видови на семејство (потесно и пошироко семејство, еднородителски семејства, старателско, згрижувачко семејство). Во текот на часот се работи на улогите и одговорностите во домот (грижа, задолженија, одоговорност, хигиена). Завршната активност, која е погрешно пренесена, е сликата на која се прикажани татко со синовите и мајка со ќерка (можно еднородителско семејство и згрижувачко семејство) – велат од Општината за „Слободен печат“.
Оттамуобјаснуваат дека родителот кој ја објави фотографијата на Фејсбук испратил и официјално извинување до директорката на училиштето. Во извинувањето родителот вели дека во момент на афект не размислувал за последиците и за угледот на училиштето и дека постот го објавил без да се консултира и информира и без да поразговара со наставниот кадар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…
51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
„Сите нека знаат“: ЛГБТ-заедницата бара видливост, достоинство…
Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…