Орбан “ги шамара” европските лидери: Русија воопшто не падна на колена и европските економии крварат до смрт
Политиката на санкциите на Европската унија кон Русија мора да се промени, бидејќи очекуваниот ефект не е постигнат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видеото на Фејсбук синоќа, во пресрет на самитот на шефови на држави и влади на ЕУ во Прага, тој порача дека на тој состанок мора да се разговара за некои „тешки теми“. „Дали европските земји ќе имаат гас и струја во наредните месеци“, праша унгарскиот премиер.
Орбан рече дека Унгарија претходно успешно се борела да добие ослободување од нафтените ембарга и санкции.
Во последните денови земјата постигна и ослободување од новите санкции кои влијаат на снабдувањето со нуклеарна енергија и гас, додаде унгарскиот премиер, пренесува Танјуг.
Санкциите доведоа до „драстичен скок“ на цените на енергијата, што е речиси невозможно да се плати, посочи Орбан.
„Русија воопшто не падна на колена и европските економии крварат до смрт“, рече Орбан.
Тој заклучи дека станало „очигледно дека политиката на санкции мора да се промени“ и дека тоа е главното прашање на состанокот на европските лидери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…