Орбан го тргна ветото: Украина ќе добие 18 милијарди евра помош од ЕУ
Постигнат е компромис за распределбата на европските средства за Унгарија, што овозможи да се отстранат резервите на Будимпешта во однос на доделувањето на 18 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина во 2023 година, соопшти чешкото претседателство со Советот на Европската унија.
„Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ начелно гласаа за помош од 18 милијарди евра за Украина, минимален данок од 15 отсто за големите компании, одобрување на унгарскиот план за закрепнување и договор за условите“, соопшти чешкото претседателство на својата Твитер профил.
„Пакетот ќе биде потврден со писмена процедура“, прецизираше чешкото претседателство. Постапката ќе биде покрената во среда, изјави дипломатски извор.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да ја даде согласноста на Унгарија да ја обезбеди оваа макрофинансиска помош за Украина доколку унгарскиот план за закрепнување и кохезионите фондови наменети за неговата земја бидат блокирани од нејзините партнери.
Будимпешта, исто така, одби да се согласи на минимален данок од 15 проценти за големите компании.
Договорот постигнат синоќа е де факто отфрлање на Европската комисија, која препорача замрзнување на 7,5 милијарди евра од средствата на ЕУ наменети за Унгарија, со оглед на тоа дека последните реформи што ги усвои Будимпешта за борба против корупцијата се уште не се доволни.
Исплатата на 5,8 милијарди евра од планот за економско закрепнување презентиран од Будимпешта исто така беше суспендиран во очекување на спроведувањето на реформите за владеење на правото.
Земјите-членки ги зедоа предвид последните мерки усвоени во средата од унгарскиот парламент за исполнување на условите наметнати на Унгарија.
Компромисот постигнат синоќа ги намалува замрзнатите европски фондови на 6,3 милијарди евра за да ја принуди Будимпешта да ги исполни мерките што ги бараат нејзините партнери, изјави дипломатски извор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…