Орбан: Да се соочиме со реалноста – Потребна ни е силна армија спремна за долготрајна војна!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека на земјата ѝ е потребна армија за да се подготви за долготрајна војна во услови на санкции кои ја потресуваат европската економија.
„Не можеме да ги криеме главите во песокот како ноеви. Мораме да се соочиме со реалноста. Ако ова продолжи, санкциите ќе ја потресат Европа, економијата на континентот ќе клекне, луѓето може да бидат во опасност и се чини дека ни треба да се подготвиме за долготрајна војна. Нас Унгарците ни треба армија на одвраќачка сила, подготвена за удар, способна да гарантира мир, бидејќи кој не е подготвен да дејствува и не е дисциплиниран не може да стане успешен, кој нема сила, нема да има вистината, а кој нема вера, тој нема за што да се бори“, рече Орбан на церемонијата на волонтерската заклетва.
На свеченоста беше претставено и германското борбено возило „Линкс“, кое меѓу другото вклучува митралез и противтенковска ракета. Според Министерството за одбрана, до 2023 година германскиот концерн ќе испорача на земјава 46 возила, а до 2029 година во Унгарија веќе ќе бидат произведени 172 возила.
Претходно Орбан рече дека само силна национална армија може да ја гарантира безбедноста на земјата и дека Унгарија сериозно ќе се фокусира на зајакнување на националната армија во следната деценија, бидејќи европските земји не можат да се потпрат само на САД за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…
Автобус од Полска излета од пат во…
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…
(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…
Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…
Судијата што се спротивстави на Орбан е…
Важи за еден од најценетите унгарски правници,…
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…