Орбан: ЕУ не треба да почне преговори со Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел не треба да започне преговори за членство на Киев во ЕУ, со оглед на тоа што Украина не е подготвена за тоа.
„Преговорите за членство на Украина во Европската унија не треба да се започнуваат. Прво затоа што не се подготвени за преговори и второ затоа што ние Европејците не сме подготвени да ги примиме“, рече тој.
Орбан смета дека извештајот на Европската комисија дека Киев исполнил четири од седумте услови за почеток на преговорите е лажен и додаде дека Украина е позната како една од најкорумпираните земји во светот.
Тој исто така посочи дека во случај Украина со своето земјоделство да влезе во ЕУ, ќе ја уништи веќе следниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…