Орбан: Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на новата балистичка ракета

t

Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој зборуваше за украинскиот конфликт и употребата на новата руска балистичка ракета „Орешкин“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој рече и дека јавната комуникација во различни земји се одвива поинаку, но дека „ако претседателот нешто каже во Русија, тоа не се празни зборови“, објави порталот Portfolio.hu. Тој потсети дека Украина е сосед на Унгарија и дека „не е потребна голема фантазија за да се замисли колку брзи и неочекувани можат да бидат последиците од војна во соседна земја“.

„Опасноста е неизбежна. Овие вести говорат за непосредна воена опасност за Унгарија“, рече Орбан.

По повод инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Орбан изјави дека „секој што бил војник и чувал стража знае дека ноќта е најтемна пред зори“.

„Ќе дојде зората за два месеци, но дотогаш живееме во уште поголем мрак од порано. Следат двата најопасни месеци од војната“, додаде Орбан.

Тој посочи дека очекуваната промена на политиката на Вашингтон неминовно ќе влијае на пристапот на Западна Европа кон украинскиот конфликт. Орбан додаде дека Унгарија ќе дејствува „промислено и смирено“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…