Објавено на:

Орбан и Трамп се сретнаа во Флорида

t

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и поранешниот американски претседател и најверојатно републикански кандидат на овогодинешните претседателски избори, Доналд Трамп, се сретнаа на Флорида, на имотот на Трамп Мар-а-Лаго, што беше трета средба меѓу двајцата политичари.
Унгарската делегација предводена од Виктор Орбан пристигна во резиденцијата на Трамп во петокот во пет часот попладне по локално време, по што беа одржани едночасовни разговори со Доналд Трамп и неговите соработници, пренесува унгарската агенција МТИ.


По средбата, Орбан на мрежата Ик напиша дека „во светот се потребни лидери кои се почитуваат и кои можат да создадат мир“.
„Тој е таква личност! Вратете се и донесете ни мир, господине претседателе!“, рече Орбан, додавајќи дека ми е задоволство да го посетам Трамп.
Предизборниот штаб на Трамп доцна во петокот соопшти дека Трамп и Орбан разговарале за „широк опсег на прашања што ги засегаат Унгарија и Соединетите држави, вклучително и важноста на силни и сигурни граници за заштита на суверенитетот на секоја нација“, според АП.
По разговорот следеше заедничка вечера и концерт, пренесува унгарски Индекс.
Орбан минатиот месец рече дека се надева оти Трамп ќе се врати во Белата куќа и ќе придонесе за прекин на огнот во Украина.


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, во пресрет на вчерашната средба меѓу Орбан и Трамп, изјави дека доколку кандидатот на Републиканската партија победи на претседателските избори во САД, САД повторно ќе бидат предводени од силен претседател.
Орбан минатиот месец ја поддржа кандидатурата на Трамп да се врати во Белата куќа по овогодинешните претседателски избори, а на 23 февруари рече дека се надева оти Трамп ќе се врати во Белата куќа и ќе придонесе за прекин на огнот во Украина, објави тој претходно.
Агенцијата потсетува дека Орбан одбил да испрати оружје во Украина и го критикувал Западот за воведување санкции кон Русија.
Орбан постојано повикуваше на прекин на огнот и крај на војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…

Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…

Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…

Еспер: Трамп ќе направи САД да го…

Без САД да го одржуваат, блокот „ќе…