Орбан: Обидот за преземање на замрзнатите руски средства е објава на војна
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека секој обид за посегнување по замрзнатите руски средства би претставувал објава на војна.
Говорејќи на антивоен собир во Мохач, во јужна Унгарија, Орбан предупреди дека обидите за замрзнатиот руски имот во Белгија и други европски земји да се искористи за финансирање на војната, би имале сериозни последици по европската финансиска стабилност.
– Ако Брисел се обидува да ги земе руските пари, тоа е објава на војна, рече Орбан, пренесе Маѓар Немзет.
Тој објасни дека секоја земја, вклучувајќи ја и Унгарија, има свои девизни резерви, кои вообичаено се чуваат во странски валути како долар или евро.
– И ние ги имаме нашите национални резерви таму, како Русите, кај Белгијците. Ако тие посегнат по ова, и ние мора да размислиме дали е тоа соодветно? Парите на Русите беа замрзнати во Белгија на почетокот на војната, а сега сакаат да ги земат, што е исклучително опасна работа, бидејќи Белгијците имаат договор според кој се одговорни пред Русите за нивните пари, објасни тој.
Според него, ако ЕУ продолжи да се меша во тие резерви, тоа би можело сериозно да ја загрози довербата на земјите во европскиот финансиски систем. Тој предупреди и дека Белгија може да има сериозни економски последици ако дојде до прекршување на договорот за замрзнување на руските средства.
Орбан ги критикуваше европските лидери кои најавија дека војната во Украина ќе биде финансирана од замрзнатите руски средства, иако, како што наведе, финансискиот товар на војната не го сносат само денешните европски граѓани, туку и идните генерации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…