Објавено на:

Орбан: Унгарија е доволно силна за да остане надвор од војната

t

Унгарија ќе остане надвор од руско-украинската војна и ќе продолжи успешно да става вето на санкциите кои се против нејзините интереси, изјави денеска премиерот на земјата Виктор Орбан, пренесува МТИ.

„Притисокот врз нас ќе биде голем, но ние сме доволно силни да останеме надвор од војната, со оглед на тоа што немаме коалициска влада“, рече Орбан на конференцијата организирана од унгарската трговска и индустриска комора МКИК.

Снабдувањето со енергија на Русија ќе продолжи и владата ќе може да ги финансира ограничените цени на енергијата и да одржува 4,7 милиони работни места, како и да создаде нови, рече премиерот.

Малите и средни претпријатија ќе продолжат да се поддржуваат преку специјални шеми, дури и ако основната стапка остане висока, рече Орбан.

Владата ќе донесе мерки за промоција на инвестициите и изградба на потребните енергетски капацитети, додаде тој, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…

Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…

Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…

Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…

Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…

Од јахти и приватни авиони до десетици…

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…