Оса уби свештеник во Словенија – го каснала за време на миса
Словенечкиот католички свештеник Роберт Емершич почина по реакција на убод од оса, кој се случил за време на света миса во Планица, објави жупата св. Јожеф Делавец од словенечкото место Раче, пренесе Индекс.
Од жупата соопштија дека трагичната вест ги затекнала во недела, на 14 јуни 2026 година. Наведоа дека нивниот жупник, кого верниците го нарекувале Роби, починал поради реакција на убодот за време на богослужбата.
Во објавата, жупата напиша дека по неговата смрт се нашле во тешка и сосема нова ситуација, бидејќи морале да се организираат простување, погреб, молитви и свети миси во жупите.
Тие им се заблагодарија на сите што се молеле и што ќе продолжат да се молат за него, како и на сите што помогнале околу простувањето во жупната црква во Фрам и во Раче, како и околу погребот во Хоче.
Посебна благодарност беше упатена и до свештениците што учествувале на светата миса во вторникот во Раче. Од жупата наведоа дека така можеле да се простат од него таму каде што, како што напишаа, најмногу сакал да биде – пред олтарот, на света миса.
„Животот во двете жупи продолжува, но веројатно малку поинаку од досега, додека го имавме Роби“, порачаа од жупата.
Тие додадоа дека сега останува верниците да се соберат и да се погрижат жупите да продолжат да функционираат уште подобро, бидејќи, како што наведоа, тоа била неговата желба.
„Драг жупнику Роби, почивај во мир“, стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските фудбалери отпатуваа за Љубљана на дуелот…
Фудбалската репрезентација на Mакедонија немаше многу време…
Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…
Трагедија се случила во близина на водопадот…
Мисајловски во посета на Словенија: Средба со…
Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес…
Словенечкиот премиер најави пренасочување на 50 илјади…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека сака…
Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…
Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…