„Осигурителните компании оштетија илјадници граѓани, се сомневаме дека играат нечесно“, вели Лончар Велкова
Претседателката на Организацијата на потрошувачите (ОПМ), Маријана Лончар Велкова, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека смета оти осигурителните компании кои се обвинети за картелско здружување сепак ги оштетиле граѓаните кои лани во речиси една недела беа принудени да платат повисока цена за полисите.
Како што вели, во тој период ги повикале да ги обештетат.
„Ние во тој период ги повикавме, сите десет, односно баравме средба со нив за да се сретнеме и да ги обесштетат потрошувачите затоа што се се случуваше само во еден период. Ние направивме повик со еден „тизер“ на „Фејсбук“ каде што ги поканивме, направивме и платформа каде може да се пријавуват и добивме – граѓаните се пријавуваа, и во тој период од 27.04 до 07.05 каде што беа цените покачени, купиле полиса. Не можеле да не купат бидејќи возеле возило и не смеат да не купат“, вели Лончар Велкова.
Таа вели дека имало сомнение за нечесна пазарна пракса и искористување на поповолна положба во која беа осигурителните компании.
„Се работи во исто време, на сите компании, се докажа, односно баравме од АСО (Агенција за супервизија на осигурување) за колкав процент се работи. Секаде беше 15 отсто покачување и тоа беа доволни индиции“, вели Лончар Велкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…