Османи беше и обвинител и судија ама ни тој ни Владата да пуштат глас за малтретирањето на македонскиот свештеник во Грција!

t

Македонскиот министер за надворешни работи беше и обвинител, и судија, и посетител во болница во случајот на тепаниот охриѓанец со бугарска самосвест, пишува професорката од Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева на својот фејсбук профил.

Тој истиот, како и сите останати членови на Владата, претставници на “блокот за Европа” ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас!

Само еден збор осуда за насилството врз возрасен човек, само еден збор во одбрана на националното достоинство, само збор утеха за луѓето кои и надвор од границите на државата го чуваат и негуваат македонскиот јазик, македонското писмо и македонскиот идентитет, ете толку ни е потребно!

Ќе можете ли?

ЛИНК од објавата на професорката

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…