Османи: Благодарност до САД, ја чуваат демократијата во Европа
Претседателката на Косово, Вјоса Османи се сретна во Вашингтон, каде што учествува на Минхенската конференција, која годинава се одржува во американскиот главен град, со Џејк Саливан, главен советник на претседателот на САД, Џо Бајден, соопшти кабинетот на косовската претседателка.
Османи и Саливан, се вели во соопштението, разговарале за ситуацијата во Западен Балкан по војната што ја поведе Русија во Украина и за предизвиците со кои се соочува регионот.
Османи исто така се заблагодарила на американската администрација „за клучната улога во одбрана на демократијата и безбедноста” во Европа.
– Таа се заблагодари на администрацијата на претседателот Бајден за клучната улога во одбрана на демократијата и безбедноста на нашиот континент, а над сé за извонредната поддршка што историски му го дадоа на Косово, САД и посебно претседателот Бајден, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.
На маргините на конференцијата во Вашингтон, косовската претседателка се сретнала и со други официјални лица на американската администрација, со конгресмени и сенатори, како и со претставници на меѓународни организации и со министри од неколку европски држави.
За подготовките за аплицирање на Косово во меѓународни организации и за преземените дејствија во правец на евроатлантските интеграции, Османи разговарала со финскиот министер за европски прашања Тити Тупараинен, германскиот сојузен министер Волфганг Шмит, шефот на дипломатијата на Литванија, Габрелиус Ландсбергис, заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Геоана, водачот на Минхенската конференција, Кристофер Хеусген, амбасадорот Волфганг Ишингер и други учесници на конференцијата.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Османи во Вашингтон отпатува по мини-турнејата во Средна Америка. Во главниот град на Панама, Сиудад де Панама, таа присуствуваше на откривањето на споменикот на Мајка Тереза, додека во Костарика на церемонијата на инаугурација на новиот претседател на таа држава, Родриго Чавез.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…