Османи во Софија: Практично спроведување на договорите меѓу Македонија и Бугарија!

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамки на својата официјална посета на Бугарија ќе оствари средба со својот домаќин, шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, по што ќе се одржат пленарни разговори меѓу двете делегации, јави дописникот на МИА од Софија.

По средбата, предвидени се заеднички изјави на Османи и Милков.

Меѓу темите на разговорите се очекува да биде и практичното спроведување на договорите постигнати меѓу Македонија и Бугарија, инфраструктурното поврзување, секторската соработка и европската интеграција на Македонија.

Во рамки на работната посета на Софија, министерот Османи ќе оствари средба и со премиерот на Бугарија Галаб Донев.

Шефот на дипломатијата Османи ќе биде се сретне и со лидерите на главните политички партии на 48. Народно собрание на Бугарија, Бојко Борисов – ГЕРБ, Кирил Петков – „Продолжуваме со промената“, Мустафа Карадаи од Движење за права и слободи, Корнелија Нинова од Бугарската социјалистичка партија, Христо Иванов од Демократска Бугарија и Стефан Јанев од „Бугарски подем“. Османи нема да има средба само со Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба“.

Османи претходно изјави дека во Софија ќе го покрене прашањето за македонскиот клуб во Благоевград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ги загрозува бродските рути во Црно…

Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

Осум месеци затвор за човекот кој ги…

Осум месеци затвор и укинување на притворот…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“…

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…