Османи го искара Путин: Денешните ракетни напади претставуваат флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право
Денешните ракетни напади врз цивилни цели во Киев, Лавов, Днипро, Харков, Криви Рих и други делови од Украина претставуваат флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право, како и дополнително поткопување на меѓународниот поредок заснован на правила.
Република Северна Македонија силно ги осудува ваквите неприфатливи дејствија извршени од страна на Русија, кои резултираат со невини човечки жртви. Сторителите на нападите треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да одговараат за извршените воени злосторства.
Уште еднаш ја реафирмираме солидарноста со украинскиот народ, како и цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, упатувајќи уште еден повик за итно прекинување на сите воени дејствија и повлекување на руските воени сили од земјата.
Фејсбук статус на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дугин воодушевен од изгледот на новиот претседател…
Рускиот филозоф и идеолог Александар Дугин се…
Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има…
Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…
ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува светскиот економски…
Вештачката интелигенција во 2026 година за првпат…