Османи го пофали напредокот во односите меѓу Белград и Приштина
Напредокот во нормализација на односите меѓу Белград и Приштина исчекор од интерес на целиот регион.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи на неговиот официјален Фејсбук профил го поздави напредокот во однос на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија постигнат на вчерашната средба во Брисел.
-Остварениот напредок вчера во Брисел, во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, претставува значен исчекор од интерес на целиот регион. Како непосреден сосед на двете земји охрабруваме натамошни чекори за конечен исчекор што ќе обезбеди стабилност и европска перспектива на Западниот Балкан, изразувајќи ја притоа нашата подготвеност да асистираме и придонесеме на секој можен начин, стои на Фејсбук статусот на Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…