Османи денеска доставува дел од помошта за Македонците во Албанија: Печки, училишен прибор, ученички ранци…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска доставува прв дел од помошта за Македонците во Албанија која се состои од ученички ранци, училишен прибор, печки на дрва…
– Денес доставуваме прв дел од помошта за Македонците од Албанија, согласно Акцискиот план подготвен по мојата посета на Требиште и Пустец во август.
Ученички ранци, училишен прибор за повеќе од 130 ученици и печки на дрва, донација на Министерството за образование и наука, за потребите на учениците и училиштата каде настава поаѓаат припадници на Македонското национално малцинство.
Благодарност и до ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, кој на барање на Македонците од Голо Брдо, обезбедил булдожер за чистење на снег, кој ќе биде доставен за кратко време. – напиша Османи на Фејсбук.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…
Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…