Османи: ЕУ да ги укине казнените мерки за Косово
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по средбата со Урсула фон дер Лајен изјави дека треба да се отстранат казнените мерки против Приштина бидејќи, како што тврди таа, покажала посветеност за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
Османи рече дека на средбата станало збор за планот за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, јавуваат Репортери.
За време на престојот во Приштина, Фон дер Лајен треба да се сретне со премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти.
Фон дер Лајен утре ќе остане во Подгорица, по што ќе дојде во Белград. За време на посетата на Србија, таа ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…