Османи за Шведска и Финска: Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО
Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата, а ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера и денеска учествуваше на неформалниот НАТО министерски состанок во Берлин.
Како што соопшти МНР, во фокус на состанокот во Берлин беа актуелните безбедносни состојби по руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците и идната одбранбена поставеност на НАТО. Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се осврнаа на подготовките на новиот Стратешки концепт на Алијансата, претстојниот самит на НАТО во Мадрид и очекуваните резултати од него.
Во рамки на состанокот, учествуваа и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска кои ги информираа НАТО сојузниците за најновиот развој на настаните во двете земји и динамиката на носење одлуки и правци на делување во контекст на можните аспирации за нивно членство во НАТО.
-Северна Македонија како најнова членка на НАТО ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата. Аспирациите на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, се важен чекор за зачувување на трансатлантската стабилност. Сегашната геополитичка средина го турка Западен Балкан исто така високо на агендата. Регионот е неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура. Во овој контекст би сакал да повторам дека перспективите на ЕУ на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, истакна Османи.
На маргините на состанокот, министерот Османи одржа билатерални средби со неговите колеги од Украина, Дмитро Кулеба, Црна Гора, Ратко Кривокапиќ и од Холандија, Вопке Хоекстра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…
„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…