Османи изрази сочувство за починатите грчки пилоти

t

Жалење и сочувство за загинатите грчки пилоти, но и солидарност и подготвеност за помош во пожарите, изрази преку Твитер министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.

Кусо пред 15 часот на островот Евија, додека ги гаснеше пожарите се урна грчки Канадер, при што животот го загубија пилотот и копилотот, а шефот на дипломатијата вечерва изрази жалење за трагичниот пад на противпожарниот авион.

-Моето најдлабоко сочувство за загубата на животот на двајцата пилоти на воздухопловните сили. Изразуваме солидарност до Грција/подготвеност да помогнеме во справувањето со разорниот пожар, напиша Османи во твитот, споменувајќи го Министерството за надворешни работи на Грција.

Подготвеноста на Македонија да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, во петокот изрази и министерката за одбрана Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…

Поранешен руски пилот убиен во Шпанија

„Поранешниот руски воен пилот Максим Кузминов, кој…

(Видео)Драма на небото: Пилотот ја промаши пистата…

Руски патнички авион со 34 лица, наместо…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…