Османи изрази сочувство за починатите грчки пилоти
Жалење и сочувство за загинатите грчки пилоти, но и солидарност и подготвеност за помош во пожарите, изрази преку Твитер министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.
Кусо пред 15 часот на островот Евија, додека ги гаснеше пожарите се урна грчки Канадер, при што животот го загубија пилотот и копилотот, а шефот на дипломатијата вечерва изрази жалење за трагичниот пад на противпожарниот авион.
-Моето најдлабоко сочувство за загубата на животот на двајцата пилоти на воздухопловните сили. Изразуваме солидарност до Грција/подготвеност да помогнеме во справувањето со разорниот пожар, напиша Османи во твитот, споменувајќи го Министерството за надворешни работи на Грција.
Подготвеноста на Македонија да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, во петокот изрази и министерката за одбрана Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техеран го негира Трамп: Операцијата за спасување…
Иранската војска соопшти дека американската операција за…
Спасен е пилотот на соборениот американски авион…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Скандал во МВР: Главен пилот фалсификувал дозвола…
Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи…
ДЗС доби нов пилот, обезбедена е согласност…
Во новата година Дирекцијата за заштита и…
Мал авион се урна во близина на…
Денес околу 16:55 часот, мал спортски авион…