Османи на работен појадок со Фајон, заедно со шефовите на дипломатијата и специјалните претставници за Западен Балкан

t

​На маргините на Бледскиот стратешки форум, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министрите за надворешни работи на Косово, Доника Грвала Шварц, на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на Хрватска, Гордан Грлиќ Радмн и заменик министерката за надворешни работи на Албанија, Меги Фино, учествуваше на работен појадок организиран од страна на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Покрај шефовите на дипломатијата од државите на Западен Балкан на состанок учествуваа и специјалните претставници за Западен Балкан на Словенија, Анжеј Франгеш, на Норвешка, Арне Санес Бјорнштад, на Велика Британија, лорд Стјуарт Пич и на Австрија, Јоханес Ајгнер.

Евроинтеграцијата на земјите од регионот како нивна стратешка определба и надворешно политичка цел беше главна тема на разговор, при што Османи нагласи дека покрај јасна временска рамка за следното проширување на Унијата, концептот на забрзана интеграција на регионот пред членството ќе донесе поголема предвидливост, стабилност и ќе го зајакне кредибилитетот на политиката за проширување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…