Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес имаше средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјава. Министерот направи пресек на последните случувања на надворешен план, со акцент на нашата ЕУ агенда и одржувањето на Советот за стабилизација-асоцијација за првпат во Македонија, средбата во рамки на Косово-Србија дијалогот во Охрид, како и вчерашната посета на шефицата на германската дипломатија, со што ЕУ порача дека ја смета Македонија за кредибилен партнер.

-Одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација минатата седмица за првпат во Скопје, како и одржувањето на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Охрид е признание за новата улога на Македонија во регионален контекст во насока на зачувување на регионалната безбедност и просперитет, промовирање на културата на дијалог и ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан” рече Османи, истакнувајќи дека оваа интензивна надворешно-полтичка агенда претставува потврда за европската иднина на регионот.

На средбата стана збор и за следните чекори во однос на нашиот пристпаен процес во ЕУ, со посебен акцент на досегашната успешна реализација на скринингот, потребата од донесување на уставните измени како наша преземена обврска, тековните предизвици во рамки на претседавањето со ОБСЕ и одржувањето на третото издание на Преспа форум за дијалог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…