Османи: Нема време за укинување на Пржинската влада

t

Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, изјави министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Според него, за овие избори не може да има промени на моделот, а многу е важно и на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус, дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено.

Според Османи, во ДУИ уште нема одлука кој би бил премиер во техничката влада и тоа најверојатно ќе се реши на почетокот на декември. Негова оценка е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против техничка влада поради министрите и замениците министри, туку поради премиер Албанец. Од ВМРО-ДПМНЕ велат, би било срам за државата, партија од типот на ДУИ, каде што криминалот со СДС им е секојдневие, да има технички премиер. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено веднаш да се откаже од техничка влада, доколку се откаже ДУИ од технички премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…