Османи: Обезбедуваме заштита, поддршка и промоција на јазичните и културни вредности на Македонците во Албанија

t

Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, вели мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, на негвиот Фејсбук профил во врска со денешната посета на Македонците во месноста Голо Брдо во Албанија.

-Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо, стои во објавата.

Османи во својата објава воедно изрази и благодарност за одличната соработка со албанските институции, ѝ нивната поддршка за македонското национално малцинство во Албанија.

(Фото) МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…