Османи: Понеделник ќе биде денот Д”, очекувам консензус за новиот претседавач со ОБСЕ
Понеделник ќе биде денот Д”. Очекувам да постигнеме консензус за новиот претседавач со ОБСЕ, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со новинарите по повод претстојниот Министерски совет во Скопје.
Како што информира Османи, се прават максимални напори за постигнување договор. Побарана била и алтернатива – поддршка од Малта да се понуди како кандидат. Земјата ја оставила отворена оваа можност, доколку има консензус.
Не смее националните интереси да доминираат врз колективниот интерес. Се надеваме дека во понеделник ќе успееме, дека ќе постигнеме историски успех да обезбедиме претседавач на ОБСЕ. На тоа ни е засега ставен целиот фокус. Организацијата не смее да остане без претседавач. Ако нема одлука до понеделник, мора да покажеме одговорност – истакна Османи.
Според него, доколку не се обезбеди консензус, ОБСЕ ќе влезе во целосно недефинирани прашања, нешто со кое организацијата досега никогаш не се соочила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…