Османи: Промена на Уставот до ноември
Мора да постигнеме договор помеѓу политичките партии дека во наредните 8 години, кој и да е на власт, прашањата на ЕУ нема да ги стави во дневнополитички натпревар. Директивите и регулативите на ЕУ се фиксни и не може да се преговараат, кој и да ја води владата, рече Османи.
Процесот на уставни измени треба да се одвива со забрзана динамика за да не се загуби моментот во преговорите со Европската Унија, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи и предупреди дека оние што се против уставните измени се на линија на најрадикалните структури во Бугарија.
Со оваа изјава Османи всушност зазеде поинаков став од оној на претседателот Стево Пендаровски, кој пред неколку денови во телевизиско интервју кажа дека не треба да се брза во процесот на уставни измени за вметнување на Бугарите во Преамбулата затоа што има 14 месеци до завршувањето на ЕУ-скринингот. Дотогаш, рече тој, може да детектираме и да поправиме нешто во однос на реформите, а кога тој процес ќе биде при крај, тогаш да се види дали има двотретинско мнозинство во парламентот.
Според Османи, пак, стратегијата на власта за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието, претпоставува прво да се убедат граѓаните.
– Граѓаните сѐ повеќе разбираат дека пропагандата околу 19 јули дека јазикот ќе исчезне, дека се продадени интересите… беше неоснована. Добивме почеток на преговори, заштитени идентитетски атрибути и уставни измени, кои уште повеќе ги заштитуваат тие идентитетски атрибути, бидејќи за првпат уставно се дефинираат двете заедници како мнозинска и како малцинска, што е спротивно на позициите на најрадикалните структури во Бугарија, кои се против уставните измени. И затоа, кој е против уставните измени е всушност на линија со најрадикалните структури во Бугарија. Мислам дека времето полека овозможува овие пораки да стигнат до граѓаните – оцени Османи.
На брифинг со новинарите Османи рече дека процесот на уставни измени треба забрзано да се одвива и да не се одложува по наредните избори, поради две причини – едната е дека не смееме да оставиме временски јаз помеѓу завршувањето на скринингот и отворањето на првото поглавје, бидејќи во преговорите со ЕУ најважен е моментот. Ако го изгубите, тоа најтешко се враќа и политичарите што имаат искуство во европскиот процес знаат дека моментот е сега и не смееме да го испуштиме. Втората причина што наредните избори не треба да бидат референдум за уставните измени, туку избори за подобар стандард и за владеење на правото.
Неговата оцена е дека не е брзање ако процедурата заврши до ноември. Османи предлага да се направи општествен договор дека 2030-та ќе ни биде годината кога ќе станеме членка на ЕУ.
– Мора да постигнеме договор помеѓу политичките партии дека во наредните 8 години, кој и да е на власт, прашањата на ЕУ нема да ги стави во дневнополитички натпревар. Директивите и регулативите на ЕУ се фиксни и не може да се преговараат, кој и да ја води владата. Опозицијата во Собранието преку своите механизми, владата преку институциите, да ги споделиме и одговорноста и заслугите за успехот – додаде Османи.
Претходно, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека неговата партија ќе поддржи уставни измени само ако добие гаранции од ЕУ дека земјата ќе влезе во ЕУ и дека за време на пристапниот процес Бугарија нема да стави нови вета.
Од партиите на Албанците, пак, бараат од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик што го зборуваат 20 отсто од населението“ и да стои албански јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…
Дете претепано во тоалет од основно училиште
На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…
Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…
Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…
Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…