Османи утре на средба со Столтенберг во Брисел
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на неговата посета министерот Османи ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Покрај средбата со генералниот секретар на НАТО, како што најавија од МНР, министерот Османи ќе се сретне со високи претставници на ЕУ. Во рамки на посетата министерот ќе одржи и брифинг во Центар за европски политики на тема „ Македонија и ЕУ: Движејќи се кон повеќе интеграција“.
Работната посета на Брисел, информираат од МНР, Османи ќе ја заврши со присуство на прием по повод Денот на независноста на Република Македонија во организација на нашите мисии во ЕУ и НАТО и Амбасадата на земјава во Белгија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…