Османи утре ќе ги посети Македонците во Албанија
Во однос на актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на пописот кој следува во Албанија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи информира дека во текот на утрешниот ден ќе ги посети Пустец, Џепиште и Требиште.
„Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме утре јас ќе ги посетам и Пустец, Џепиште и Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивното здружение во текот на целиот утрешен ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија“, изјави Османи.
Според Агендата, околу 10:00 часот министерот Османи ќе оствари средби во Тробиште и Голобрдо, а околу 12:30 минути ќе пристигне во регионот Пустец. Во Пустец предвидени се средби со претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, како и со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, како и посета на повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…
Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…