Османи: Црн ден за Албанците – Тито се врати во Тетово
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реагираше на одлуката на Уставниот суд за поништување на имињата на неколку улици и плоштади во Тетово, опишувајќи ја како „црн ден за Албанците“. Според Османи, одлуката за поништување на имиња како „Илирија“ и враќање на старите имиња, вклучувајќи и „Маршал Тито“, претставува удар врз, како што вели, албанскиот идентитет и чекор назад за земјата.
„Уставниот суд ја поништи одлуката за преименување на улиците и плоштадите во Тетово, враќајќи го името „Маршал Тито“ наместо плоштадот „Илирија“. Уште еден удар врз албанскиот идентитет. Уште една рана врз заедничката иднина. Уште еден чекор назад за оваа земја“, напиша Османи на социјалните мрежи.
Тој, исто така, го критикуваше градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и коалицијата ВЛЕН, велејќи дека враќањето на името „Тито“ во Тетово се случило за време на нивната влада.
„На крајот на краиштата, Билал Касами треба да биде среќен. Тој пишуваше поезија за Тито. Денес, Тито се врати во Тетово за време на неговата влада и владата на ВЛЕН. Албанците нема да го заборават тоа“, порачал вториот човек во ДУИ.
Уставните судии вчера ја укинаа одлуката од 2007 година со која во Тетово се изврши преименување на повеќе улици и на градскиот плоштад. Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Судот пред неколку месеци поведе постапка со образложение дека тогашниот Совет на Општината не добил согласност од Владата иако тоа го предвидува законот за определување улици, плоштади и други инфраструктурни проекти.
Како резултат на тогашната одлука на советниците, плоштадот во Тетово од Маршал Тито беше преименуван во „Илирија“, а беа сменети и улиците „Радован Цониќ“, „Иво Рибар Лола“, „29 Ноември“.
Иницијативата пред Уставниот суд ја поведе Сојузот на борците на НОБ и граѓани од Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Црн ден за Албанците – Тито…
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар…
Пожар во тетовско средно училиште, шестмина вработени…
Тетовската полиција вчера добила пријава дека околу…
(Фото) Катастрофални услови во тетовската касарна: Мувла,…
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии од…
Тепачки, сообраќајни несреќи и семејно насилство регистрира…
На 30.05.2026 година во 12:00 часот, во…
Уапсени две лица од тетовско по пријава…
На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР…