Османи ја брифираше Лирман за процесот на евроинтеграција и за уставните измени
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, во рамки на учеството на безбедносниот форум Глобсек во Братислава, имаше билатерална средба со министерката за Европа и клима на Германија, Ана Лирман.
Во фокус на разговорите беше нашето европско досие, при што Османи брифираше за претстојниот процес на донесување на уставните измени, со цел отворање на првиот кластер од пристапните преговори и во овој контекст, се заблагодари за цврстата германска поддршка, соопшти МНР.
Османи ја запозна соговорничката со т.н. концепт „Повеќе интеграција пред членство во ЕУ”, со што, како што истакна „периодот до полноправно членство би се искористил од земјите од регионот од една страна, а од друга страна би се додал повеќе кредибилитет на пристапниот процес”.
– Верувам дека се реалистични нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата, со цел нашите државјани да ги чувствуваат придобивките од евроинтеграцијата порано. Со ова, евроскептицизмот во раст би го трансформирале во заемна доверба, со побрзо темпо при реализацијата на реформите во нашата држава, рече Османи.
Османи и Лирман разменија мислења и за актуелните случувања на северот на Косово, за итната потреба од деескалација на состојбите и враќање на дијалогот, кој треба да обезбеди одржливи решенија, се наведува во соопштението од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетници со тврди предмети претепаа дете пред…
МВР информира дека вчера претпладне во 10:05…
Атентат во Москва врз поранешниот портпарол на…
Поранешниот портпарол на некогашниот украински премиер е…
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Мицкоски: Владата е најстабилна во овој дел…
„Владата се избира со мнозинство од 61…
Од утре повремен дожд и пониски температури
УХМР најавува дека утре времето ќе биде…