Осомничениот за инцидентот во Прилеп пукал и кон директорот, избегал од психијатриска установа
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје вчера бепе повредено едно лице.
Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување.
Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената која е повередена и е вон животна опасност, но и кон директорот на установата кој не е повреден.
Осомничениот е лишен од слобода, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење, соопштија од обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…