Осомничените за „Делчевски ниви“ да излезат од затворот во Шутка, му предлага обвинителот на судот

t

Скопското обвинителство му предлага на Кривичниот суд да го укине ефективниот и да им одреди куќен притвор на осомничените за продажбата на парцели за „ЕВН Електрани“ односно предметот познат како „Делчевски ниви“, дозна „А1он“.

Предлогот е веќе доставен до судот. Сега, судија на претходна постапка треба да одлучи дали двајцата управители на „ЕВН Електрани“ Мирослав Митровски и Игор Гиевски, заедно со купувачите и препродавачите на парцелите Дарко Тодоровски и Влатко Илиевски, како и Орце Тодоровски, ќе ги пушти да излезат од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Тие поминаа 30 дена бидејќи обвинителот го убеди судот дека тие можат да ја попречат истрагата со
влијание врз сведоци, вештаци, соучесници.

„До надлежниот суд е доставен предлог за промена на првично определената мерка притвор за петмина осомничени во предметот во мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – забрана за остварување контакти и комуникација со определени лица“, потврдуваат и од Обвинителството за „А1он“.

Според обвинителот кој го води случајот, сега, петмината осомничени веќе не можат да влијаат на истрагата.

Извор: А1 ОН

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…