Објавено на:

Остра реакција од Финска: Руски борбени авиони го нарушиле нејзиниот воздушен простор

t

Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ утринава навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот, а авионите летале во насока запад.

Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури.

Руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, соопшти дека руската армија префрлила три борбени авиони „Миг-31Е“ опремени со хиперсонични ракети „Кинжал” во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Советот на Европа ја критикува Финска за…

Финска го затвори својот последен премин со…

Финска е подготвена да го затвори последниот…

Финските власти се подготвени, доколку е потребно,…

(Видео) Моди леташе со борбени авиони произведени…

Премиерот го постави домашното производство на оружје…

Соборени два украински борбени авиони

Руската војска, исто така, соопшти дека неутрализирала…