Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов прв ја носи на нога
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да има затвореници во куќен затвор кои ќе бидат под електронски надзор.
Според него, ова е голема работа со оглед дека во затворите низ земјава има 2.300 затвореници и 400 притвореници. Во дел од затворите има над 100% исполнетост на капацитетот и оттаму основната намена на алките е да се намали затворската популација.
Во моментов, 60 лица се апликативни кои треба да добијат алки. Постојат два начини за добивање – самите затвореници преку нивните адвокати или самите затвори.
-Позитивните закони овозможуваат на три категории затвореници да имаат алки – на стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или на тешко болни и лица со инвалидитет. Самите затвори можат да побараат за одредена категорија на осуденици, кажа Пандов на прес-конференција и информира дека кај него на нога веќе има една алка која се тестира. Додаде дека алката функционира.
Според него, Управата за санкции формирало одделение за електронски надзор. Ако се оддалечиш од периметарот или ако го мрдате рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка.
-Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција. Верувам дека човек кој што ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува, прецизира Пандов кој информира и дека еден затвореник ја чини државата над 2.000 денари дневно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинците започнаа голема контраофанзива
Украинските сили наводно ослободиле околу 152 квадратни…
Трамп: Ако Иран имаше нуклеарно оружје немаше…
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека…
Над 500 семејства добија ваучери за инвертер…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…
Осло ги забрани паметните очила во училиштата:…
Властите во Осло воведоа забрана за употреба…
Најавени исклучувања на повеќе места: Проверете дали…
Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа,…
