Осуден за “Монструм” се појави на телевизија: Не сакале амнестија, туку правда

t

Фејзи Азири еден од осудените во случајот „Монструм“, се појави на телевизија Алсат . Тој во телевизиско интервју вели дека дека не сака амнестија туку правда.

“Не сум загрижен за законот за амнестија, ниту сум барал ниту ќе барам. Не барам амнестија, само сакам правда. Не ми е гајле за каков закон станува збор и кој го предложил.Не сум заинтересиран за амнестија”, рече Фејзи Азири, осуден во случајот Монструм.

Инаку Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура, соопшти денеска Министерството за правда.

Меѓу клучните новини содржани во овој Предлог-закон, како што информира Министерството за правда е прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски попладнево соопштија дека во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка.

„Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда“, велат од Кабинетот на претседателот на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Осуден за “Монструм” се појави на телевизија:…

Фејзи Азири еден од осудените во случајот „Монструм“,…

БРУКА! Ковачевски и СДСМ ќе поднесуваат амандмани…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница…

Врховен ги потврди доживотните затворски казни за…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…