Осуден кочанчанецот кој избега од прозор од полициска станица, призна вина за трговија со дрога
Александар Лазаров, познат како Цуна, е осуден на 2 години и 6 месеци затвор откако признал вина за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Лазаров пред 4 месеци избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, по што по него беше распишана меѓународна потерница.
Пресудата во Основниот суд во Кочани ја изрекла судијката Катерина Цоневска, објави „Скопје1“. При одмерувањето на казната судијката ги зела предвид олеснителните и отежителните околности.
Лазаров бил гонет според членот 215 од Кривичниот законик. Вториот став од овој член предвидува затворска казна до 3 години доколку количеството дрога е помало.
Според тогашните информации од Обвинителството, истрагата била отворена откако во автомобил биле пронајдени 8 грама кокаин. Покрај Лазаров, истрагата опфаќала уште едно осомничено лице.
По бегството од полициската станица, полицијата го лоцираше и го уапси Лазаров во Скопје 4 дена подоцна. Цуна и претходно бил приведуван поради сомневање за кривични дела поврзани со дрога, и во Скопје и во Кочани.
Името на Лазаров беше споменато и на судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Во судницата беше прочитан исказ на сведокот Ана, даден пред обвинител.
„Лице познато како ‘Цуната’ беше главен дилер на дрога. Беше стално апсен, па пуштан“, навела Ана во својот исказ од мај годинава.
По бегството на Лазаров, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи отвори истрага за евентуална одговорност на полицајците под чиј надзор се наоѓал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Пресудата против ИРЛ…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот…