Осумчлено македонско семејство заглавено во Судан: МНР се обидува да ги евакуира

t

Од Министерството за надворешни работи на Макеоднија информираат дека осумчлено семејство, македонски државјани, се заглавени во Судан, од каде нашите дипломати се обидуваат да ги евакуираат. 

-По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Република Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапи во контакт и доби потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба. 

Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава. 

Во однос на четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија, информираме дека истите се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава. 

Во оваа прилика го повторуваме нашиот апел доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Каиро на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Бугарин не бил пуштен во Македонија поради…

„Сметаме дека е неприфатливо да се забрани…

Полскиот МНР: „Јавна тајна“ е дека западните…

Фактот дека западните сили се присутни во…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…