Отиде Уставот “јабана”: Лидерската средба е за да побрзо да го изодиме патот до членство во ЕУ

t

Пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева денеска изјави дека средбата што ја најави премиерот со парламентарните партии, е во насока на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.

-Ние со нашите колеги од сите пoлитички партии застапени во Парламентот постојано разговараме и тоа е нормално и е дел од нашата улога како претставници на граѓаните. Што се однесува до средбата што ја најави премиерот со парламентарните партии, тоа е во насока на нашиот европски пат, односно патот до ЕУ. Сите знаеме пред колкави предизвици е ставена нашата држава со тоа што треба да го направиме, кои се клучните чекори, а треба да бидат направени со широк консензус во Парламентот, рече Калевска Ванчева во изјава во Собранието.

Оттаму, додаде, сосема нормално и очекувано е во вакви моменти да се иницира таква средба што всушност не е и прва и треба да биде еден нормален процес бидејќи навистина имаме заеднички интерес, а тоа што побрзо да го изодиме патот кон полноправно членство во ЕУ, скрингот, билатералните треба да почне, се надеваме до година ова време.

Во однос на барањата на повеќето политички партии од албанскиот блок да се повлече формулацијата од Уставот „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“, таа вели дека не бегаат да разговараат за било кое прашање, но сепак, вели треба да се води грижа за она што е првенствено од интерес.

-Секое отворање на Уставот за кое било прашање, повлекување отворање и на некои други прашања. Ние мораме да водиме грижа дали сакајќи нешто да направиме, во одреден момент добро, дали некои други постулати и темелни вредности можат да бидат нарушени. Затоа реков дека многу се сериозни прашањата што се однесуваат на промена на Уставот, без разлика во кој домен во кој дел се однесуваат и треба многу внимателно. А форматот е овој – средби, разговори, анализи на факти и аргументи што треба да бидат вкрстени, оценува Калевска Ванчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ДИК: Условите за избор на претседател се…

Откако кандидатот за претседател на државата Стевчо…

(Видео) Мицкоски: Немаме, ниту имаме, ниту ќе…

Мицкоски немал, ниту има, ниту ќе има…

Бугарските пратеници изгласаа промена на бугарскиот Устав

Бугарските пратеници конечно ги усвоија измените на…