Откако ги иселија „риговите“ на Бајрам од подрумите на ГТЦ, сметките за струја на дуќанџиите речиси двојно се намалија – нема реакција од надлежните

t

Последната сметка за струја која сопствениците на дуќани во Градскиот трговски центар во Скопје ја добиле претставува пријатно изненадување за нив затоа што е помала за најмалку 40 отсто. Тие се пријатно изненадени од управата на АД ГТЦ која незаконски им ја препродава струјата, па наеднаш треба да плаќаат помалку. Од 16 ноември во подрумите на ГТЦ не се веќе Елвис и Габриел Бајрам кои најверојатно со години тука „копале“ биткоини користејќи струја која очигледно ја плаќале сите, освен копачите. – Пишува МКД.мк

Во „бизнисот“ со биткоините, освен набавката на голем број на компјутерски машини, т.н. „ригови“ најголемата ставка е дневната потрошувачка на струја. Бајрам, со голема помош на раководството на АД ГТЦ, тоа со години го правел во подрумите на ГТЦ, плаќајки струја колку за осветлување и ништо повеќе, а енормната потрошувачка на струја била најверојатно „солидарно“ делена со сите сопственици на дуќани. Кога тоа се дознало, на 16 ноември полицијата најпрво влегла во подрумите, но очигледно по нечија интервенција, полицајците потоа само го обезбедувале просторот за безбедно изнесување на скапата опрема, по што и официјално било соопштено дека тука нема грабеж на струја. Има струјомери, ние не сме надлежни, гласеше во кратки црти соопштението на МВР по нивната акција и брзото повлекување од магацинските простори на ГТЦ на 16 ноември. И покрај снимките и покрај сведочењата, и покрај очигледната скапа вентилација монтирана низ подрумите на ГТЦ, ниту една надлежна државна институција не реагираше на овие основани сомневања дека се работи за голем грабеж на струја од страна на советниците на СДСМ, во Скопје и Шуто Оризари, Елвис и Габриел Бајрам. Случајот брзо беше затворен.

Елвис Бајрам

Само Регулаторна комисија за енергетика официјално кажа дека АД ГТЦ нема лиценца за трговија и дистрибуција на струја, вода и топлинска енергија, а тие тоа со години го прават.

Но, само еден месец подоцна стигна уште еден доказ во корист на сомневањата – сметките за струја на дуќанџиите. Освен тоа, наеднаш, АД ГТЦ за 2022 распиша тендер за купување на струја за многу помали количини од она што било купено за годинава и за 2020.

И во одговорот од канцеларијата на ЕУ во Скопје до Здружението на дуќани ГТЦ се вели дека тие внимателно го мониторираат развојот во областа на владеење на правото во Северна Македонија и во 2021 како дел од преговарачкиот пакет за членство.

Здружението на сопственици на дуќани ГТЦ 1973 Скопје се упорни во докажувањето на бројните неправилности за тоа како стопанисува со овој трговски центар раководството на АД ГТЦ.

Тие и официјално до АД ГТЦ испратиле барање да се пријави кражба на електрична енергија од напојувањето на ГТЦ, бараат податок каде се мери потрошената електрична енергија. Сакаат да знаат колава е фактурата за струја за корисникот на магацинските простори и колку време тој бил корисник. Прашуваат кој и кога им издал одобрение за уривање и преправање на магацинскиот простор со сите тие додатни инсталации што се монтирани.

Ова тие го бараат затоа што забележале големи разлики во сметките за потрошена електрична енергија кој им е фактурирана на приватните сопственици на деловните простории. Се сомневаат дека се оштетени и затоа бараат информации. Се разбира АД ГТЦ не одговара на такви прашања, како што не ни одговори и нас на прашањата за набавките на електричната енергија во последните три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зечевиќ ќе е еден од клучните…

Миле Зечевиќ ќе биде шеф на централниот…

Седница на Централниот одбор на СДСМ, Митрески…

Се цртаат политичките контури – предлогот Јован…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…

Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…

СДСМ: Џафери е добро решение за технички…

Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и…