Откриени 1,3 килограми дрога, приведени двајца тетовци
Двајца браќа се приведени вчера откако најдена е дрога при претрес кај нив дома во Тетово. Најдена била марихуана во повеќе пакувања.
-На 11.10.2023 во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода К.Р.(24) и Л.Р.(22), двајцата од Тетово. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, во просториите кои ги користeле биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со околу еден килограм и 300 грама марихуана и дигитална вага, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Двајцата приведени биле задржани во Полициската станица Тетово, по што бил запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…