Откриен арсенал оружје, бомби и хероин во дом на скопјанец во Кисела Вода
При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество оружје и муниција кои тој ги држел неовластено.
-Во домот на улица „Козјак“ биле пронајдени три пиштоли, рамки, шаржер за пиштол како и околу 1000 куршуми со различен калибар. Освен тоа, осомничениот поседувал две рачни шок бомби и една рачна флеш бомба кои на граѓаните им се забранети. При претресот била откриена и наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 7,75 грама, како и сива дигитална вага со остатоци од хероин, информира Обвинителството.
Врз основа на обезбедените докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 став 5 во врска со став 3, како и за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и сведоците, како и оправдан страв дека осомничениот би можел да го повтори делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…
Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…
30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…
Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…