Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело Ѓошев.
Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.
Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.
Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.
По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…
Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…