Отстранет „Чациленд“ во Белград – во среда ќе биде поставено „божиќно село“
Отстранети се шаторите пред Народното собрание на Србија, таканаречениот „Чациленд“, каде со месеци кампуваа приврзаници на претседателот Александар Вучиќ, а таму се случија и низа насилни и криминални инциденти. Во пресрет на празниците, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот претседател Вучиќ синоќа беше пред Народното собрание и рече дека во следниот месец шаторите ќе бидат отстранети и од Пионирскиот парк. Тој најави дека во следните неколку дена ќе биде поставено „божиќно село“ пред Народното собрание.
Тој исто така рече дека се очекува сообраќајот пред Народното собрание да се нормализира.
Повеќе од половина година просторот пред Парламентот во Белград е окупиран од шатори. Кампот е познат кај јавноста под името „Чациленд“. Тој прво беше во Пионерскиот парк и претставен е како израз на контрастудентите кои „само сакаат да учат“. Но, од самиот старт оние кои се собираа во него не беа само студенти.
Со текот на времето кампот се прошири и на платото пред Собранието како контрапротест на српските просветни работници и студенти кои една година протестираат поради трагичната смрт на 16 луѓе при падот на натстрешницата во Нови Сад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…